Амазон планира да ги лансира своите први интернет-сателити во првата половина од 2024 година, а набрзо потоа ќе понуди и почетни комерцијални тестови.
Единицата за сателитски интернет на Амазон ќе почне со пасовно производство на сателити подоцна годинава. Тоа ќе бидат првите од вкупно 3 000 сателити кои гигантот планира да ги лансира во ниската орбита на Земјата во текот на наредните неколку години. Дефинитивно ќе имаат бета тестирање со комерцијални корисници во 2024 година.
Стандардниот кориснички терминал, квадратни антени од 11 инчи за Куипер мрежата, ќе го чини Амазон помалку од 400 долари по парче и ќе овозможува интернет-брзина од 400 мегабити во секунда. Помалата мобилна антена со четириаголна форма и ширина од 7 инли и тешка 450 гр ќе биде напристапниот мрежен терминал на Амазон за корисниците, иако компанијата не ја објави цената.