Сутерен.мк

Архангелот над Скопје

Премиерно на сцената во Македонскиот народен тетар на 24 декември во 20 часот ќе биде изведен новиот мјузикл насловен „Архангелот над Скопје“ во режија на Наташа Поплавска, а автор на музиката, лириката и изведувач е Ристо Вртев, фронтменот на „Архангел“.

Мјузиклот е во продукција на „Арт медиа“.
Анимациите се на Матиќ Дејан, кинематографер е Љуљзим Луиџи Бејта – Буцо а во мјузиклот играат: Нина Елзесер, Стефан Спасов, Јована Спасиќ, Антонио Ташковски, Ања Митиќ, Лазар Христов, Ана Грамосли, Гоце Андонов, Катерина Јовановиќ, Ведран Чешарек, Ана Јовановска, Кире Ацевски, Мина Јелушиќ, Марија Талеска, Мартина Даниловска, Марко Младеновиќ

Музичката интерпретација е на : Зоран Костадиновски – гитара, Виктор Николовски – бас гитара, Благоја Антовски – тапани, Сашко Николовски – тромбон, Кирил Кузманов – саксофон, Трајче Велков – труба, Стефан Илиевски – клавијатури
Билети можат да се купат на билетарницата на Македонски народен театар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *