Како и многу европски јазици, и германскиот има завршетоци со кои се разликуваат именките од машки род од женски род, а до сега, особено за звањата на работните места, се користеше општ машки род. ДПА дава пример со зборот „автор“ што се користи и за мажи и за жени. Отсега, пак, според нормата ќе се користат „автор“ и „авторка“, „автори“ и „авторки“.
Досега, некои луѓе изразуваа став дека стандардно, според граматичките правила, зборот „автори“, на пример, се однесува само на машкиот род, автоматски исклучувајќи ги жените, како и спротивставените референци за „мешање на половите “. Оние кои го имаа овој став претпочитаа да додаваат завршетоци на именките во официјалните документи комбинирајќи ги со интерпункциски знаци или симболи како што се ѕвездичка, коса црта, две точки, долна црта или внатрешна голема буква на почетокот на крајот (на пр. автор*ки, автор/ки или авторКи).
Друга опција беше да се напишат двата збора – „автори и авторки“ без симбол или интерпункциски знак. Токму оваа варијанта денеска почнува да се применува во Баварија, а варијантите со симболи и интерпункциски знаци сега се забранети во образовните институции и во владините канцеларии.
Регионалната влада на Баварија ја одобри оваа јазична забрана на 19 март, а во четвртокот беше објавена во локалниот Службен весник.
Во резолуцијата од 15 декември минатата година, германската комисија за правопис препорача да не се користат специјални симболи во зборовите, истакнувајќи дека таквото мешање во формирањето на зборовите, граматиката и правописот може да го направи текстот тешко разбирлив.