Сутерен.мк

Божиќниот говор на напредниот робот

Роботот Амека зборувал на теми како што е војната во Украина, смртта на кралицата Елизабета Втора како и климатските промени во божиќната порака на британскиот „Channel 4“.

Во телевизиското обраќање кое следело по годишниот божиќен говор на кралот Чарлс Трети, роботот наречен Амека, кој го разви британската компанија „Engineered arts“, зборувал за подемите и падовите во 2022 година.
Станува збор за робот кој е способен за ултрареалистични реакции и може да се смее, мурти, трепка па дури и да намигнува.

„Гледам на настаните оваа година со воодушевување и загриженост. Вистина е дека многу од настаните во 2022 година беа од негативна природа. Видовме дека луѓето на власт подлегнуваат на антисемитизам, корупција и омраза. Видовме како народот на Украина е подложен на инвазија и раселување од страна на Русија“, гласат зборовите на Амека.

„Ја видовме смртта на саканата кралица Елизабета Втора и видовме дека светот на политиката станува сè похаотичен во нејзино отсуство. Да не зборуваме за влијанието на пандемијата врз менталното здравје, растечката нееднаквост помеѓу богатите и сиромашните и сè поекстремните временски услови предизвикани од климатските промени“.

Неговиот алтернативен божиќен говор не го напишал човек, туку бил користен AI софтвер кој генерирал одговори од милиони различни влезови за да даде одговор што посличен на човечкиот.

Видео…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *