Сутерен.мк

Вештачката интелигенција е поемпатична од докторите

Според една нова студија, ChatGPT може да биде исто добар како и докторите, ако не и подобар во одговарањето на прашањата на пациентите

Истражувачи од Универзитетот Калифорнија во Сан Диего, Универзитетот Џон Хопкинс и други универзитети на ChatGPT му поставија 195 прашања на форумот на Редит, АскДоk и го споредија квалитетот и емпатијата во одговорите на четботот со одговорите на проверени лекари на Редит.

Тимот од здравствени експерти, вклучувајќи и професионалци кои работат на интерна медицина, педијатрија, онкологија и инфективни болести, ги оценуваше и одговорите на четботот и на докторите на скала од пет точки, со што го преоценуваа квалитетот на информациите и емпатијата.

Во нивната студија тие преферираа повеќе одговори на четботот отколку на докторите во 78,6 отсто од 585 сценарија. Одговорите на четботот се оценувани со 3,6 пати подобар квалитет и 9,8 пати повеќе емпатични од одговорите на докторите.

Голема причина зошто ChatGPT победи во студијата е тоа што одговорите на четботот се подолги и попријатни од кратките одговори на лекарите, кои штедат на време.

Овие наоди сугерираат дека докторите би можеле да користат AI асистенти како што е ChatGPT за да ја ослободат неискористената продуктивност со отворање време за посложени задачи, велат авторите на студијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *