Името на јадењето потекнува од презимето на куварот кој што го смислил (Добривое Граѓанин), а не дали е тоа наменето само за граѓани или и за „обичните“ смртници.
Состојки
Бибер, сол, оригано
Пилешко филе
Сланина
Подготовка
Пилешкото бело месо треба да се исчисти од кожурокот и коските, да се исече на шницли и да се зачини.
Сланината исечете ја на тенки ленти. Наместете од лентите по две до три вкрстено врз штицата за сечење, врз нив ставете по едно парче шницла и завиткајте како мало пакетче. (Може да си помогнете и со чепкалки.)
Пржете на не многу силна температура во гусано или тефлонско тавче, без маснотии. Кога сланината ќе биде испржена, готово е и свитканото месо внатре.
За бело месо, бело вино.