Глутенот е непријател број еден во семејството на Бангл. Оваа декадентна верзија со безглутенски леб на класичниот клуб сендвич е совршена за ручек во саботиte кои лежерно се протегаат пред вас, залеан секако, со шише Fuмe blanc. Раскалашена плеј листа од француски пејачки е задолжителна придружба за конзумирање на ова мало задоволство.
Состојки
– Безглутенски бел леб
– Чадена сланина
– Добар мајонез
– Песто
– Млад спанаќ
– Прекрасни зрели домати
– Ементал
– Компири
– Задолжителната долга чачкалица
– Едно Puilly Fumé во “ле фриго”
Чекор по чекор
– Сланината се пржи во сопствената маснотија додека не стане крцкава
– Парчињата безглутенски леб се пржат во соковите во тавата
– Ги оставаме малку да се изладат
– Великодушно ги премачкуваме со мајонез и накапуваме со песто
– Ги редиме состојките во следниот ред: леб/млад спанаќ/домат/парчиња ементал
– Капеме уште малку песто над сланината
– Го составуваме сендвичот, сечеме дијагонално и го редиме високо со помош на долга чачкалица (како за ражњич)
– Компирот тука игра споредна улога. Чипс, помфрит, соте (Faire comme vous voulez)
– Заземете деликатна поза а ла Paulette Goddard
– Уживајте во ова мало задоволство
Повеќе на Les caprices de l’oursBangel…