Сутерен.мк

Вистината е во автобус

Фејсбук с(р)еќавања…

****

Со години не сум се возела во автобус.Корона – мене не страв, мора се – може се и бап, во 15 – ка.
Младите (тие до 18 години, тоа после е се дрско и наакано) послушни. Пензионериве, сите со маска, ама под брада и дрдорат, ли дрдорат. Значи, ништо ново.

Возачот, скроз изолиран.
Автобусот полупразен, ама не, таа/тој мора да почувствува близина, топлина, да се социјализира и да седне баш, до тебе?! Народ бе. Маса, на која без согласност и припаѓаш.
Ама, не е тоа муабетот.

Пред мене седат две баби (мое годиште) и фаќам дел од муабетот:

– Жената, таква си е, сака да се напие. Шо сеа?! Па таа не лежи после тоа три дена, ко мојон. Работи, р’мба, ништо не и смета пијачката. Само си е емотивна, не ја закачај коа е налеана и се си е ко шо треба. Не знам шо им смета?! Па сите бараат некое јаже што ќе ги влече низ животов. Ма, до син ми е. Тој е глуп. На татко му. Да ја земеше онаа, шо договор да потпише пред да се земат му бараше, ќе ги видев дали уопште муабет ќе им праеше.

• А и ти си глупа, знаеш. Ги заболе нив и за син ти и за снаа ти. Туку, си нашле чешма, па се замиваат. Следниот пат кога ќе ти продрдорат за снајката, да им кажеш дека до толку се досадни, што само пијан човек може да ги истрпи. И да знаеш дека е така. Мене коса на глава ми се крева кога треба да ти дојдам на слава, а не па, на снаа ти. Ми дошло да ти речам, во тоа француската салата троа кокаин да стаите.

– Де, ма!
• Е, шо де.

Толку. Се симнав…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *