Познатиот македонски стопанственик и поранешен градоначалник на Скопје, Трифун Костовски најавува дека следниот месец ќе ја обелодени вистината за стечајот на Еуростандард банка.
– Почитувани граѓани на Република Македонија,
Со гордо срце и чиста мисла денеска официјално најавувам дека на ден 22 август 2022 година во Скопје, ќе биде обзнаен извештајот од мојата приватна истрага поврзана со стечајот на Еуростандард банка, која се работеше во изминатите 15 месеци.
Овој извештај е направен од тимот на експерти за банкарски криминал под водство на господинот Драго Кос. На неговата презентација пред македонската јавност ќе присуствуваат и еминентни стручњаци во банкарскиот систем од земји членки на Европската Унија.
Следете ме во борбата против организираниот криминал! Да ја откриеме вистината што се обидоа да ја скријат! – вели, во своето јавно обраќање Костовски.