Сутерен.мк

Влечките на Стив Џобс продадени за над двесте илјади долари

Старите сандали/влечки на соосновачот на „Епл“, Стив Џобс беа продадени на јавната аукција „Икони и идоли: Рокенрол“ за нешто повеќе од двесте илјади долари. Ова постави рекорд за највисока цена платена за сандали на аукција.

Почетната цена на сандалите, кои се од брендот „Биркенсток“ и се изработени со кафеава превртена кожа, била 60 илјади долари, а биле продадени за неверојатни 218 750 долари.

Пред продажбата, сандалите биле претставени како „износени“, но било нагласено дека сѐ уште изгледаат „како нови“.
„Биркенсток“ сандалите беа дел од гардеробата на Џобс во седумдесеттите и осумдесеттите години. Поранешниот управител со куќата на Џобс, Марк Шеф ги „спасил“ сандалите откако биле фрлени во ѓубре.

Џобс почина од рак на панкреасот во 2011 година.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *