Сутерен.мк

Обожователите му направија споменик на Маск

Најверните обожаватели на Илон Маск изработиле десет метри долг споменик посветен на нивниот херој, чија изработка чинела повеќе од 600 000 американски долари.

Уникатната статуа ја прикажува главата на најбогатиот човек на планетата поставена на телот на коза додека јава на ракета, пренесуваат медиумите.

Споменикот бил идеја на компанијата за криптовалути „Елон ГОАТ Токен“, којашто планира кон крајот на ноември да го претстави и да му го подари на милијардерот на неговото работно место во Остин.

Од таму појасниле дека многу луѓе мислеле дека тоа нема да биде реализирано, но „по една година работа на скулптурата ќе му ја подариме на Илон“.

„Навистина само сакаме да го запознаеме типчето и да му ја подариме статуата, всушност, тој е наиновативниот човек на светот, и оттаму ГОАТ „најголемиот на сите времиња“, велат од компанијата.

Алуминиумската глава ја изработиле канадските скулптури Кевин и Мајкл Стоун. Кевин за локаната телевизиска станица рекол дека само на изработката на главата потрошиле повеќе од 700 часови.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *