Руската вселенска агенција Роскосмос соопшти дека ја испраќа актерката Јулија Пересилд и режисерот Клим Шипенко на Меѓународната вселенска станица за да го снимат првиот филм во вселената.
Филмот со работен наслов „Предизвик“ е „вселенска драма“, а копродуцент е Димитри Рогозин, шефот на руската вселенска агенција.
Експедицијата ќе тргне на петти октомври 2021 година со леталото Сојуз МС – 19, од космодромот Бајконур, пренесуваат светските агенции.