Сутерен.мк

Грешки заради кои жените не се среќни

Познатиот руски психолог Михаил Лабковски често дава совети, кои најчесто се насочени кон жените.

Тој смета дека постојат одредени грешки што ги прават жените, а кои ги спречуваат да живеат среќен живот. Еве што советува тој:

Михаил Лабковски

– Луѓето кои имаат стабилна психа, не треба да се грижат за тоа што мислат другите луѓе за нив. Ако им се правдате на другите, тоа е само доказ дека се сомневате во себе. Можеби им презентирате совршен живот на луѓето, но секогаш ќе забележувате дека постојат подобри и поуспешни од вас. И не е само изгледот важен. Вљубете се во карактерот, во уникатноста и во внатрешната убавина.
Следната грешка што ја прават многумина според Лабковски е тоа што не си ја сакаат работата.

– Ако не ви се оди на работа, земете си ден за одмор. Ако не ви се оди ни следниот ден, одморете уште еден ден. Но ако не ви се оди ни третиот ден, тогаш најдобро е да ја смените работата. Можеби ќе си помислите дека сте мрзеливи, но мрзеливоста не е исто што и недостиг од мотивација. Не е поентата само да работите, поентата е да го сакате тоа што го работите. Поентата е да уживате во она што го работите, а не да одите на работа секој ден без волја.

– Уште една грешка е тоа што многу жени не им кажуваат навреме на луѓето што им се допаѓа, а што не. Не постои ништо на овој свет што треба да го толерирате против своја волја. Ако го правите тоа, само ќе собирате лутина во себе.

Лабковски, исто така, советува да не брзате и да не се обидувате сите свои животни желби да ги натрупате во неколку години.

– Живејте така што вашата среќа ќе ви биде приоритет и престанете да ги контролирате работите врз коишто не можете да влијаете. Таа навика само ќе ве излудува и ќе ви предизвикува дополнителен стрес и анксиозност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *