Повеќе од 200 – тини вработени во компанијата Гугл формираа синдикат, што е голема реткост во технолошката индустрија.
Како што пишува Би – Би – Си, најавата за синдикат дошла неколку недели по конфликтот меѓу менаџментот на Гугл и неговите научници кои се занимаваат со прашањата за вештачката интелигенција и етиката во технологијата.
Тензиите кулминирале после раскинувањето на договорите со неколкумина научници од Гугл и пресудата на Американскиот национален одбор за работнички односи дека фирмата незаконски отпуштала вработени заради организирање на синдикат.
Водачи на работничкото здружување се софтверски инжењер8и, но е отворено за сите вработени. Од своја страна, раководството на Гугл соопшти дека се обидува да создаде мотивирачко работно опкружување, но напомена дека со новиот синдикат нема директно да преговара.