Во Карипското море постојат две земји со слични имиња – Доминика и Доминиканска Република. Доминика се наоѓа на истоимениот остров од 754 километри квадратни, додека пак Доминиканската Република зазема две третини од источниот дел на островот Хиспањола и се простира на речиси 49 илјади километри квадратни…
Санто Доминго е главен град на Доминикнската Република со најстаро европско население во Америка. Го основал Бартоломеј Колумбо (брат на Кристофер Колумбо) во 1496 година на реката Озам.
Пико Дуарте е највисокиот врв во Доминиканска Република и сите карипски острови. Се издигнува на 3.098 метри.
Една од најголемите туристички атракции во Доминиканската Република се 27-те водопади Дамајагу кои ви овозможуваат да ја истражите преубавата природа на оваа земја.
Доминиканската Република има единствено знаме на светот со Библијата на него.
Мама Хуана е име за алкохолен пијалак кој потекнува од Доминиканската Република. Се прави од рум, црвено вино, мед, кора од дрво и зачински билки. Се смета за афродизијак.
Доминиканската Република е единствената земја во која бил пронајден вистински скапоцен камен по име Ларимар. Го открил Мигел Мендез во 1974 година и добил име по неговата ќерка Лариси и францускиот збор за море – мер.