Сутерен.мк

Која е најсреќната азиска земја?

Бројните истражувања спроведени на подрачјето на Бутан покажуваат дека над 90 отсто од населението се чувствува среќно. Дури и во пописот има графа во која можете да наведете дали сте задоволни од вашиот живот или не!

Тешко е да се замисли дека толку мала земја во планините на Хималаите, до која се стигнува само со два лета, е „најсреќната земја“ во светот и има еден од најбрзо растечките БДП.
Бутан е последното постоечко будистичко кралство и има зачувано голем дел од својата култура од 17 век, избегнувајќи ја глобализацијата и останувајќи изолирано од светот. Бутан дозволува само одреден број странци да влезат во земјата секоја година, а двесте долари на ден што секој патник треба да ги плати обесхрабрува многумина да ја посетат таа земја.

Интернетот, телевизијата и западната облека беа забранети во земјата до пред десет години.
Бутан мери девет клучни области на среќа на секои пет години – психолошка благосостојба, здравје, образование, добро владеење, екологија, користење на времето, виталност на заедницата, култура и животни стандарди.

Бутан направи неверојатна работа за да ја најде таа рамнотежа. Таа постојано се рангира како најсреќна земја во цела Азија и осма најсреќна земја во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *