Денеска е Богојавление

Бог се јави, навистина се јави! Православните верници денеска го одбележуваат Богојавление Водици, денот кога синот Божји бил крстен во реката Јордан.

Централната манифестација која се одржа во Скопје, започна со литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, и за прв пат годинава ја владиката Јосиф, а по завршувањето на литургијата заедно со свештенството во поворка се упатија кон мостот „Слобода“ каде почна Водосветот и положувањето на светиот крст во водите на реката Вардар.

Годинава над 220 граѓани беа пријавени да го фатат светиот крст во водите на реката Вардар , некој од нив за прв пат а некој пак со години велат се дел од манифестацијата…
Чествувањата по повод празникот Богојавление – Водици започнаа утрово и со богослужби во охридските парохиски цркви на кои присуствуваа голем број верници.

Светиот крст во водите на Охридското Езеро беше положен од градското пристаниште, а чинот на полагањето го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Во Охрид на денешниот ден присуствуваат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министрите за транспорт и внатрешни работи, Александар Николоски и Панче Тошковски, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, пратениците во Собранието од Охрид, генералениот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски и претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *