Сутерен.мк

Десет најнеобични овошја!

Во светот постојат десетина илјади различни видови овошја, а некои од нив богами, баш изгледаат како да се од некоја друга планета! Изгледаат како што изгледаат и имаат за повеќето од нас „ненормални“ вкусови, но тие се сепак, дел од секојдневната исхрана на многу народи. Егзотични, секако. А егзотично е се што за нас е несекојдневно…

Смрдливец

Дуриан е монументален плод на дрвото од родот Дурио, кој е однадвор со боцки, а кремаст внатре. Толку многу смрди, што е забранет да се внесува во некои хотели и авиони во југоисточна Азија. Сепак, токму во Азија, се додава речиси во се: палачинки, сладолед, сосови за тестенини…

Национална гордост

Ацки е тропско овошје кое на Јамајка има почесно место на масата иако, потекнува од западна Африка. Не смее да се јаде сирово, се комбинира обично со солена риба и е омилен прилог на Усеин Болт.

Кисели бомбици

Асам келуби можете да ги пробате на Борнео, но ќе ви се бендисаат само ако сакате кисело. Значи, покисело десетина пати повеќе од лимон!

Лажен десерт

Покок Ајаиб расте на западот на Африка и во Азија и содржи миракулин, гликопротеин кој го залажува чувството на вкус, така што киселото и горчливото се доживуваат како сладок вкус…

Виме на крава

Соланум мамосум е отровно овошје што на разни јазици има различни имиња и значење… Претежно се одгледува како украсно растение (а се смета дека има и магиско дејство – придонесува за изобилие), но е всушност, мешавина на патлиџан и компир. Не смее да се јаде, бидејќи е отровно, а се одгледува во Азија, Мексико и на Карибите.

Чудесно дрво

На Филипините можете да пронајдете калабаш или „чудесното дрво“ кое има големи, тркалезни плодови што тежат и до осум килограми. Најмногу им сер користи корупката, како садови, а внатрешноста се јаде во мали количини, бидејќи спротивно, предизвикува нагон за повраќање.

Вкусно чудовиште

Монстера делисиоза е јужноамериканско овошје со кое треба да се дава и упатство за употреба. Доколку го конзумирате пред да созрее, може да завршите во болница. Меѓутоа, кога е зрело е навистина превкусно: комбинација на ананас, кокос и банана.

Необични мешунки

Над 40 видови ниски грмушки во Америка се водат впод името мискити, а мешунките што растат од нив се јадат како овошје, но се мелат и како брашно. Вкусот им е сличен на пченка или грашок, а се користат и како замена за кафе. Не содржат глутен.

Џуџести банани

Бананата „илјада прсти“ е една од многуте необични видови банани на светот. Минијатурните банани од неколку сантиметри се фини и слатки и се јадат како и сите „нормални“ банани.

Дрво на знаењето

Коко де мер е најголемиот орев и најтешкото овошје кое расте на Сејшелите. Го нарекуваат плодот на знаењето, но се раскажува и дека тоа е проклет плод, а се користи и во разни ритуали и како противотров.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *