Сутерен.мк

Директор за пример

Извршниот директор на „Citadel LLC“, Кен Грифин, ја доби титулата „најдобар работодавец на светот“ бидејќи ги почестил своите вработени и нивните семејства по повод јубилејот на компанијата.

Една од водечките инвестициски компании приредила огромна прослава на која настапиле познати музички групи како „Марун 5“ и „Колдплеј“, но тоа било само почеток.

Грифин ги известил вработените од 6 азиско-пацифички претставништва (вкупно 1200 лица) дека ќе организира 3-дневна обиколка на „Дизни Ворлд“ во Јапонија.

Не само што вработените добиле бесплатно патување од соништата, туку и нивните семејства, вклучително 300 деца.
Инаку, еднодневен билет за посета на „Дизни Ворлд“ изнесува помеѓу 50 и 70 евра, што значи дека сопственикот (дневно) потрошил повеќе од 70.000 евра. Но, во оваа сума не се вклучени трошоците за семејствата и децата, како и разните додатоци кои ги имале на располагање.

Минатата година, Грифин финансирал слична прослава за вработените во САД и Европа, кои уживале во обиколка на „Дисни Ворлд“ во Орландо.

Во декември, тој им платил на вработените летови за Њујорк, Хјустон, Париз, Цирих и други дестинации, со покриени трошоци за хотели, храна, паркинг услуги и многу друго.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *