Индиската компанија за производство на накит „СВА дајмондс“ е нов гинисов рекордер за вградување на најмногу дијаманти во еден прстен.
Нивното спектакуларно скапоцено парче има 24 679 дијаманти и со дизајнот потсетува на печурката буковка.
„Буковката е симбол на бесмртноста и долговечноста“, изјавил Абдул Гафур Анадијан, генералниот директор на компанијата.
Прстенот е тежок 340 грама, а неговата вредност е проценета на 95 243 долари.