Сутерен.мк

Духот од срцето

Фејсбук с(р)еќавања…

Се ми е поинаку последниве месеци. Некаков скриен ловец на совеста и искушението, кој се спушта во подземниот свет на мојата душа чувствувам, ровари.
Не кажува ниту еден збор, не ме погледнува, а сепак, заведува, привлекува, лаже. И бара, не само јас, да го следиме што повеќе – самодопадливи, да се збиеме до него, да го љубиме.
Од друга страна, тој ист дух, ги замолчува грубите души и несмасната и пребрза рака ја учи на воздржаност и нежност. Зашто само така, ќе го извади закопаното под непробојниот мраз и дебелата кал.
Она, од чиј допир си заминуваш можеби понесигурен, понежен и покршлив, но полн надежи кои се уште немаат име, полн нова волја и враќање назад!
Неунесреќен и смачкан од туѓите добрини и желен за повеќе мрчења!
Го слушам како ми вели:„ Во одредени прилики, го сакам човекот.“

****
Го гледам лицето на сопругот над мене – најубавите очи што некогаш сум ги видела во животот, упорно скриени зад „фенси“ рамки. Зборува нешто и знам и без да слушам, дека тоа е нешто што 20 години ми е во главата. Таман да го замолам да го смени барем тонот на гласот, до мене допираат зборовите:
„Имаш бај – пас, дарлинг, бај-пас!“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *