Еврото е со рекордно најниска вредност во однос на албанскиот лек.
Во последните неколку месеци еврото загуби 3,5 отсто од вредноста во однос на лекот, а тоа се должи на повеќе фактори, почнувајќи од странските инвестиции во недвижности во Албанија, па сè до менувачките операции во големи износи, јави Топ чанел.
Странски државјани купуваат имоти и тоа ја зголемува понудата на европската валута во земјата, што влијае на нејзината девалвација.
Податоците на Централна банка на Албанија покажуваат дека лани странците купувале имоти во државата и тоа е рекорд. Вредноста е 291 милион евра, односно има годишен раст од 52 отсто. Вчера доларот зајакна во однос на другите валути.