За здравјето на организмот многу е битен витаминот Ц бидејќи, помеѓу другото, помага во контролирањето на инфекциите и за зараснувањето на раните. Меѓутоа, многу тврдења за него се всушност, неточни.
- Една од најголемите заблуди е дека витаминот Ц е лек за настинка. Тој го подобрува имунитетот, но нема докази дека ја лечи настинката како што се мисли.
- Најголем извор на витамин Ц содржи бабурата, а не портокалот и лимонот.
- Покрај за имунитетот, овој витамин е важен и за синтезата на допаминот кој има значајна улога во контролирањето на функциите намозокот и регулирањето на расположението.
- Витамините, не само Ц, треба да се внесуваат редовно, а не само кога ќе се појават симптоми за некое заболување.
- Секој витамин има определено ниво што е потребно за организмот. Не е добро, ако ги има премалку, но не е добро ни, ако се премногу – постои и труење од витамини.
- Витаминот Ц не само што не предизвикува дебелеење, туку тој помага во намалувањето на телесната тежина.