Сутерен.мк

Колку се опасни мајмунските сипаници?

Епидемијата на мајмунски сипаници што брзо се шири претставува глобална здравствена вонредна состојба, највисокото ниво на тревога на Светската здравствена организација, изјави деновиве генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус.

Прво идентификуван кај мајмуните, вирусот се пренесува главно преку близок контакт со заразено лице. До оваа година, вирусната болест ретко се шири надвор од Африка каде што е ендемична. Но, извештаите за неколку случаи во Британија на почетокот на мај сигнализираа дека епидемијата се преселила во Европа.
Во светот до 9 август регистрирани се вкупно 31 800 случаи на мајмунски сипаници. Во Европа, најголем број на случаи има во Шпанија – 5 162, Германија – 2 982 и Британија – 2 914. Пријавени се и неколку смртни случаи.

Во регионот исто така се потврдени случаи на мајмунски сипаници, но не во голем број. Во Грција има 41 случај, Словенија – 40, Србија – 23, Хрватска 12, Бугарија – 4, Босна и Херцеговина и Црна Гора имаат по еден случај, додека во Албанија нема регистрирани случаи на мајмунски сипаници.

Колку се опасни?

Мајмунските сипаници е вирус кој обично предизвикува благи симптоми, вклучувајќи треска, болки и кожни лезии исполнети со гној. Луѓето имаат тенденција да закрепнуваат во рок од две до четири недели, вели СЗО.

Секој може да го шири вирусот, но сегашната епидемија надвор од Африка е концентрирана речиси исклучиво меѓу мажите кои имаат секс со мажи.
Мајмунските сипаници се шират првенствено преку интимен контакт кожа со кожа, обично со некој кој има активен осип, како и преку контакт со контаминирана облека или постелнина. Не се пренесува толку лесно како вирусот SARS-CoV-2 што ја поттикна пандемијата ковид-19.
„Ковид-19 се шири по респираторен пат и е многу заразен. Се чини дека ова не е случај со мајмуните сипаници“, вели д-р Мартин Хирш од Општата болница во Масачусетс. Ризикот од мајмунски сипаници е умерен на глобално ниво, освен во Европа, каде што СЗО смета дека ризикот е висок.

Зошто е итен случај?

Здравствените власти од неколку земји ја повикаа СЗО да ги прогласи мајмунските сипаници како итен случај за јавното здравство од меѓународна загриженост поради брзата ескалација на случаите и загриженоста дека може да стане ендемична во повеќе земји.

Декларацијата за вонредна состојба има за цел да поттикне глобална акција и соработка: од тестирање до производство и дистрибуција на вакцини и третмани.
Стапката на смртност во претходните епидемии на мајмунски сипаници во Африка на сојот што моментално се шири е околу еден отсто, но досега оваа епидемија се чини дека е помалку смртоносна во неендемичните земји, од кои многу имаат посилна здравствена инфраструктура.

Научниците се обидуваат да утврдат што ја предизвикало почетната серија случаи и дали нешто во врска со вирусот се променило. Зголемените глобални патувања, како и климатските промени генерално ја забрзаа појавата и ширењето на вирусите, велат експертите.

Експертите за заразни болести велат дека долгогодишното финансиско запоставување ги оставило клиниките за сексуално здравје – кои се на првата линија на тековната реакција на мајмунски сипаници – лошо подготвени да го спречат понатамошното ширење.

 

Заштитни мерки

Здравствените власти велат дека луѓето треба да избегнуваат близок личен контакт со некој кој има болест која се манифестира со карактеристичен осип или кој на друг начин не е добро. Луѓето кои се сомневаат дека имаат мајмунски сипаници треба да се изолираат и да побараат медицинска помош.

Европската комисија ја одобри вакцината против мајмунски сипаници

Здравствените власти, исто така, нудат вакцини против мајмунски сипаници на лица со висок ризик и на оние кои неодамна биле во близок контакт со заразено лице.

Третман

Симптомите на мајмунска сипаница честопати исчезнуваат сами по себе во рок од неколку недели. Пациентите може да добијат дополнителни течности и дополнителен третман за секундарни бактериски инфекции.

Антивирусно средство наречено тецовиримат – брендирано како TPOXX и направено од SIGA Technologies – има одобрение од САД и ЕУ за сипаници, додека неговото европско одобрение исто така вклучува и мајмунски сипаници и крави сипаници.

Македонија

Институтот за јавно здравје денеска треба да информира дали суспектниот случај е навистина заразен со мајмунски сипаници. Здравствените власти најавија дека денеска ќе завршат анализите на земените примероци.

Претседателот на Комисијата за заразни болести соопшти дека пациентот од Кичево е во добра здравствена состојба и нема потреба од хоспитализација. Во меѓувреме КЗБ донесе и препораки за заштита од ширење на мајмунски сипаници по појавата на првиот суспектен случај во земјава.

На последната седница е утврдено дека се воведуваат изолација и карантин во домашни или болнички услови на сите сомнителни случаи до нивно тестирање. Се воведува изолација и на потврдените случаи до завршување на болеста и зацелување на крастите. Епидемиолошки ќе се следат и контактите на потврдените случаи за време на траење на инкубацијата од 21 ден.

Од КЗБ информираа дека во земјава има тестови за мајмунски сипаници.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *