До Министерство за здравство деновиве се обрати Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија со барање за навремена и континуирана достава на инсулин на територијата на целата држава, во услови на Ковид 19 пандемија, во кое меѓу другото, се вели:
„По прогласувањето на пандемијата, сите заедно сме исправени пред многу предизвици. Ние како Сојуз кој ги обединува сите лица со дијабетес, се обидуваме во овие тешки услови да дадеме сѐ од себе за регулирање на основната состојба – дијабетесот, но и да не дозволиме да се развијат компликации или пак тие да се влошат.
Лицата со дијабетес, особено децата и адолесцентите и нивните семејства, чувствуваат огромна несигурност во последните неколку месеци поради недостатокот на одредени иснулини, кои се потврдуваат на делови од територијата на државата.
Силно се надеваме дека, нашето барање за решавање на оваа состојба, за навремено и целосно достапен инсулин до секој пациент, ќе биде надмината во најкраток можен рок, во интерес на здравјето на сите лица со дијабетес, а со тоа и во инетерес на јавното здравје. Да потсетиме дека јавното здравје не е ниту бизнис ниту пак, политика!“