Сутерен.мк

Жените се позагрозени од климатските промени!

Не е само сиромаштијата факторот кој влијае на тоа како луѓето ќе се прилагодат на климатските промени, студиите покажуваат дека е битен и полот на личноста. Всушност, според американскиот Национален институт за здравје, климатските промени повеќе го загрозуваат здравјето на жената.
Анализата на 130 различни студии покажуваат дека е поголема вројатноста дека жените и девојките ќе го изгубат животот на сред големите горештини во Франција, Кина, Индија или во тропските циклони во Бангладеш и на Филипините, отколку припадниците на машкиот пол.

Во сиромашните делови на светот поради се почестите суши, жените двојно подолго пешачат за да дојдат до вода и храна. Изворите на вода исчезнуваат, нејзиниот квалитет е се полош, а жените покрај овие непогодности имаат додатен проблем да се грижат за децата, готват, чистат, што во руралните делови на светот е нивна главна обврска.

Ресурсите се смалуваат, земјиштето станува се помалку плодно, заради што расте родовото насилство и експлоатацијата на жените, покажуваат податоците на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN).
На дополнителни проблеми се изложени климатските бегалци. Кога девојките и жените се раселени, се преполовува можноста дека ќе се образуваат или станат финансиски самостојни.
Поради климатските промени се зголемува стапката на детски бракови, насилство и трговијата со бело робје. Се проценува дека само во Малави ова може да предизвика 1,5 милиони нови деца – невести во наредните неколку години. Статистиката покажува и дека степенот на семејсно насилство значајно се зголемува после шумските пожари.

Постигнувањето на решенија не е лесно од повеќе причини, пред се поради поголемата веројатност дека жените ќе живеат во сиромаштија отколку мажите, но и затоа што тие во помал број ги уживаат основните човекови права, како слободното движење или стекнување земјиште, а се соочуваат со системско насилство кое во период на нестабилност дополнително ескалира.

Накусо, „родовите нееднаквости дополнително се нагласуваат во допир со опасностите поврзани со климата, а тие резултираат со поголемо оптеретување на жените, професионалните опасности во затворено и на отворено, психолошки и емоционален стрес и поголем морталитет во споредба со мажите“, вели во една прилика, Верона Колантес од UN Women.

Од друга страна пак, сево ова доведе до тоа, жените да се зафатат порешително и поорганизирано со подобрување на општествените правила. Па така, се побројни и помоќни се активистките во борбата за почиста планета!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *