Причините се бројни, но сите се сведуваат под еден збор – манипулација со гостите.
Од печивата луѓето стануваат жедни, а жедните луѓе нарачуваат повеќе пијалок, што значи поголема заработувачка.
Лебот, фурнаринките, кифличките… го поттикнуваат варењето, па од нив само дополнително ќе огладнете и тогаш нарачувате повеќе отколку што може да изедете.
Покрај ова, со лебот луѓето имаат занимација така што, не се здодевни и не ги бараат постојано келнерите.
Угостителите велат и дека со давањето на гратис кошничка со печиво, гостите мислат дека добиле нешто бесплатно, задоволни се и оставаат поголем бакшиш.
Сепак, тие тврдат дека лебот се сервира прв и веднаш само за да ја забават нарачката, да имаат време готвачите да ја подготват.