Бидејќи има многу шеќер, треба да се биде умерен со конзумирањето диња. Освен ова, треба да се избегнува јадењето диња на празен стомак, зашто така се создаваат масни наслаги. Најдобро е ова овошје да се комбинира со суво овошје и јатки, а со јогурт и во овошна салата треба да се избегнува. А еве за што е добра…
Дињата ја помага циркулацијата, па така делува против целулитот и надуеноста. Треба да се јаде веднаш по сервирањето/сечењето.
Богата е со антиоксиданти, феноли и каротеноиди, витамин Ц, витамини од групата Б, што го забрзуваат метаболизмот.
Дињата чисти од токсини, а нјзините влакна го намалуваат нивото на лошиот холестерол.