Долго се познаваме со пријателите
Поради тоа толерираме многу работи што можеби не ни се допаѓаат во однесувањето на пријателите кон нас во слепа верба дека однесувањето ќе се промени и се ќе биде повторно како некогаш.
Пријателот ни помогнал во криза
Секако дека некои добрини никогаш не се забораваат. Сепак, каков е тој пријател кој се чувствува слободен да направи да се чувствуваме лошо и да очекува да го толерираме тоа само затоа што ни помогнал да излеземе од некоја кризна ситуација?!
Дел сме од истото друштво
Тешко е да се прекине комуникација со личност со која имате многу заеднички познаници и тоа е преголем ризик за многумина, но дали е подобро да се биде вечно незадоволен од пријателството или да се донесе еднаш тешка одлука?!
Се плашиме од осаменост
Луѓето кои се навикнати постојано да бидат опкружени со семејство и пријатели, тешко им паѓа осамувањето. Токму таа несигурност во себе ги задржува бескрајно во лоши пријателски врски од кои имаат повеќе штета отколку убави чувства.
Не знаеме како да „раскинеме“
Тешко е за било кого да прекине долгогодишно пријателство и потребно е многу храброст за тоа. Меѓутоа, на рајот на краиштата, треба сите да се запрашаме дали воопшто вреди да се трпи напорно другарство?!