Сутерен.мк

Зошто паметните повеќе грешат?

Кога интелигентни луѓе ќе се најдат во неизвесни околности, тие не одвојуваат доволно време за внимателно да ги проценат сите важни факти, туку се потпираат на долгата листа на умни „куси патчиња“, кои за жал, често ги наведуваат на носење на погрешни одлуки…

Ако себе си се сметате за бистри, ако сте предводник на група на луѓе, веројатно правите многу повеќе грешки во само еден обичен ден отколку што можете да претпоставите. Најпаметните и најсилните предводници понекогаш прават грешки кои останатите членови на групата не би им ни паднале на ум.

„Секогаш е добро да се биде интелигентен. На крајот на краиштата, умните луѓе повеќе заработуваат и поуспешни се во трупањето на пари, а според некои истражувања дури и живеат подолго“, напишал Тревис Бредбери во својата книга „Емоционална интелигенција“.

Меѓутоа, постои и друга страна на приказната. „Паметните луѓе многу често носат глупави одлуки, особено во околности што бараат здрав разум“
Научниците ова го објаснуваат така што велат дека натпросечно интелигентните луѓе имаат навика за издрдорат одговор на поставено прашање со преголема самоувереност. Односно, дека логичкото размислување и високата интелигенција во поголемиот број на случаи не одат заедно.

Бистрите се наклонети кон блесави грешки затоа што имаат некои „слепи дамки“ (ограничувања) во текот на логичното размислување. А тие постојат бидејќи „мудрециве“ премногу веруваат во своите способности за расудување. Односно, толку се навикнати да бидат во право и брзо да одговараат што кога ќе „излајат“ некој одговор кој не е точен, ни самите не се свесни што всушност изговориле.

Постојат неколку вообичаени начини со чија помош паметните сами себе си „копаат јама“, а меѓу нив се и:

Вишок на самоувереност

Поради долготрајните фалби и потчукнувања по плеќите луѓето се препуштаат на спокојот слепо верувајќи во своите можности и мозок. Честопати не успебваат да препознаат дека всушност им е потребна помош, а и кога ќе сфатат, главно мислат дека во нивното опкружување не постои никој кој е доволно способен да им помогне.

Потребата секогаш да се во право

Секому најтешко му паѓа достоинствено да прифати дека не е во право. А на многу интелигентните луѓе тоа им е уште потешко, бидејќи по годините искуство „да се биде во право“ тоа станува дел од нивната личност. За нив точноста е потреба, а одбивањето на нивниот суд напад на нивната личност.

Тешко прифаќање на туѓите информации

Паметните не го ценат мислењето на другите, што значи дека не веруваат дека постои некој кој е доволно образуван да им пружи повратен податок што би го зеле во обзир. Оваа особина не само што го попречува нивниот развој и учинок, туку може да доведе и до воспоставување на нездрави односи со луѓето, во деловниот. Но и во приватниот живот.

Притисок врз другите

Кога е на дневен ред некоја задача, натпросечно умните не сфаќаат дека на некои луѓе за нејзино извршување им е потребно повеќе време, па затоа ги притискаат. Паметните луѓе ја поставуваат целта превисоко, а кога на луѓето им треба повеќе за да стигнат до таа иста цел, бистриве претпоставуваат дека тоа е така заради недостаток на труд и работа. Ако притоа се и на положба на надреден, тогаш нивниот притисок на подредените уште повеќе расте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *