Сутерен.мк

И првите дами не си ги трпат мажите

Првата афроамериканска прва дама на САД, Мишел Обама откри дека „не можела да го поднесе“ својот сопруг Барак Обама во годините кога нивните ќерки биле мали.

Во исповест за ТВ Револт, таа посочи дека одгледувањето деца го оптоварува нејзиниот тридецениски брак со Барак Обама, кој беше американски претседател во два четиригодишни мандати.

На форумот рече дека кога го кажувала тоа, луѓето мислеле дека се шегува. Мишел разговараше со Кели Роуланд, Вини Харлоу и мајката на Бијонсе, Тина Ноулс-Лосон за нерамнотежата во бракот со Барак Обама додека неговата политичка кариера била во пораст, при што таа првенствено се грижела за нивните ќерки, кои сега се во 20-те години.

„Но, знаете што? Тоа беа само десет години, а ние сме во брак триесет години. Би прифатила само десет лоши години, наместо триесет – сѐ зависи од начинот на перцепција, а луѓето се откажуваат.
Јас можам да бидам лута на него, но кога ќе го погледнам си помислувам: ‘Не сум задоволна со тебе, но те почитувам. Не се согласувам со тебе, но ти си љубезна и паметна личност’“, вели таа.

Поранешната прва дама моментално ја промовира својата нова книга „Светлината што ја носиме“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *