Сутерен.мк

Исвиркана водителката која зборуваше на македонски на прославата за Рамковниот

На синоќешната прослава по повод 21-годишнина од Охридскиот рамковен договор, која се одржа на плоштадот Скендербег, водителката која читаше на македонски јазик беше исвиркана од страна на публиката.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се слушаат свирежи додека се чита најавата на македонски јазик. Еден ден по концертот нема никаква реакција од владините служби.

Синоќа на плоштадот Скендербег беше организирана забава којашто министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, ја оцени како „Полн погодок“, под наслов „Мировен фестивал“, а беше платена сто илјади евра од буџетот на ова Министерство.

На прославата на плоштадот „Скендербег“ претходно учеството го откажаа пејачите Владо Јаневски и Антонија Гиговска.
Видео…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *