На дното на куферот треба да ги ставате потешките и помалку чувствителни предмети (јакни, патики, чевли), а по завршувањето на пакувањето сите „празнини“ да ги пополните со чорапи, гаќи, креми… Особено е важно, да не пренатрупате: доколку одите на летување, доволен ви е еден подебел дуксер и фармерки, во случај да залади, а повеќе маички на што покуси ракави…
Подобро е да ја замотате гардеробата, отколку да ја диплите! Не само што виткањето на гардеробата во ролни ќе ви заштеди простор, туку и ќе биде поизмазнета кога ќе ја извадите од куфеот. И тоа мотајте што повеќе парчиња во една ролна.
Обично препорачуваат да носите пегла. Боже мој?! Кај се пеглате дома, па и на одмор ли?! Никакви пегли! Ако нешто ептен ви изгледа изгужвано, натопете го во топла вода и на закачалка ставете го надвор да се исуши. На одмор сте, не кај некоја кралица на прием.
Некои помеѓу два слоја облека ставаат и влажни или хартиени марамчиња за облеката да им остане што посвежа и поизрамнета. Може и обични најлонски кеси. Логиката е дека така се намалува „триењето“ и гардеробата останува што подолго во „првобитната“ состојба.
Всушност, најпаметно е да се избегнуваат одредени материјали! Како на пример, лен и кепер?! А какво пак, лето е тоа без нив?!