Сутерен.мк

Ведрана Рудан се мажи по трет пат!

После 30 години брак, познатата хрватска писателка се разведува од својот втор сопруг и најавува нов брак со 16 години помлад маж!

Како што пишува на својот блог, причините за разводот дошле со пандемијата од коронавирусот – бившиот пар поминувал 24 часа заедно, па на површина излегле многу скриени меѓусебни разлики.

Накусо кажано, таа сака да живее без стравови, а поранешниот сопруг станал опседнат со сопственото здравје.

„Умираш од здравје човеку! Наместо да ми се посветиш мене, ти деновите ги поминуваш по приватни клиники. Мајмуне, единствен си во градов кој во приватна клиника има попуст!“, пишува Ведрана.

 

Писателката го најави и својот нов сопруг, кого го запознала при шопинг. А на злобните коментари дека новиот и помлад маж со неа е само од интерес, одговара:

„Подобро брак од интерес отколку брак без интерес. Јас имам пари и сакам да живеам, тој сака пари. И во мене и во него гори желба. Може ли подобро? ’Нема тоа да биде на долги патеки.’ Гадури! Знам. Се има рок на траење. Јас рокот што ми преостанува ќе го претворам во рокенрол!“

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *