Царот Аврелијан во 274 година го создал официјалниот римски култ кој се базирал на почитување на богот на сонцето Сол Инвиктус ( Непобедливо Сонце), а царот Константин Велики дополнително го зајакнал.

Па така, Константин на 7 март во 321 година прогласил дека неделата, последниот ден од седмицата, денот кој ионака му бил посветен на Сол Инвиктус, ќе биде обврзен ден за одмор за сите Римјани.

Во недела да работат можеле единствено земјоделците, бидејќи не можеле да се предвидат временските услови и да се планираат жетвите, садењата, бербите…
Законот на Константин во следните години е запишан и овековечен во зборникот на Јустинијан, кој стапил на сила во 529 година.