Сутерен.мк

Камелија и магичната зелена планета

Над 60 издавачи од Македонија, Србија, Албанија и Косово ќе се претстават на 35-тото издание на Саемот на книгата, што ќе се одржува од денес до десетти мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Саемот е отворен за посетители од денес од 10 часот, а официјалното отворање е вечерва во 18 часот.

Цената на билет е 80 денари, а 50 денари по лице ќе изнесува цената за организирани групи ученици. Билетите ќе бидат достапни за купување на влез на арената и онлајн преку „карти.ком.мк“. Саемот е отворен од 10 до 20 часот.

Во сабота пак, од 12-15 часот на Саемот, авторката Камелија Шојлевска ќе ја потпишува книгата за деца “Магична зелена планета”.

Книгата е замислена како прва од серијата книги за деца на возраст до десет години. Целта на книгата е да ги инспирира следните генерации и да им даде до знаење дека постојат безброј можности во животот. Целиот проект е нов начин децата да се поврзат со светот и да им се даде нова свежина која ќе допре до едни нови длабочини во децата и кај тие што се млади во срцата.

Втората книга на која се работи ќе го носи насловот “Неговото височество сонцето”.

Јосиф Џолев е илустратор на книгата “Магична зелена планета”: с неполни 11 години тој превзема огромен чекор на имагинацијата да и даде една реалност низ слика. Неговата идеја е дете за децата на светот. Тој живее на Исланд веќе 8 години, внук е на писателката која воедно и бараше начин да укаже дека освен виртуелниот свет на компјутери и таблети постои и нешто друго – природа.
Желбата за подобар свет, повеќе присутност и свесност секокогаш била присутна во творештвото на Камелија Шојлевска. Тоа било видливо и во нејзините телевизиски емисии, нејзиното документарно творештво и во нејзиното пишување.

Нејзината книга е наменета за деца до 7-8 години и нејзиното ангажирање во проектот на нејзиниот внук кој тогаш има 10 години е само доказ дека таа опстојува на својот пат за креирње на подобар свет во кој идните генерации ќе живеат во радост и славење на животот.

 

Нашата планета речиси и сме заборавиле дека постои натоварени со предизвиците на сегашноста, а таа е тука со нас во целата своја убавина, магичност раскошност и благосостојба. Ние почнавме да живееме на планетата, а не со планетата и тоа е и најсилната желба на авторката, а не донесе во состојба на свест каде што уживањето со природата ќе стане наше секојдневие. Во тие убавини ќе го најдеме својот мир својата убавина животност и здравје.

Саломи е еден невообичаен лик изнедрен од мечтата на едно дете кое се уште нема ограничувања. Тој му дава една таква слатка и љубопитна нота која е предизвик за секој ум кој ќе ја чита книгата.
Издавач е “Магор” од Скопје, со поддршка од Министерството за култура.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *