Сутерен.мк

Кои се симптомите на омикрон?

Научниците посочуваат дека симптомите на омикрон се многу поблиску до оние на настинка од претходните варијанти на коронавирусот и велат дека е можно да се смениле поради поголемо ширење на инфекцијата меѓу населението!


Најчести симптоми на новата варијанта на коронавирусот – омикрон, се течење на носот, главоболка, кивање, замор и болка во грлото. Научниците предупредуваат дека луѓето треба да обрнат повеќе внимание на овие симптоми и да не се припишуваат само на настинка туку и на можна зараза со омикрон сојот.
Исто така, се нагласува дека омикронот се размножува десет пати побавно во белите дробови во однос на претходните варијанти, односно дека почесто останува во горниот дел на респираторниот систем, односно во бронхиите.
Не може со голема сигурност да се потврдат информациите дека омикронот предизвикува поблаг облик на болеста, бидејќи изворно е послаб мутант или е помалку опасен кај популација со поголем имунитет.

Можно е двете причини да се комбинирале и така влијаеле на намалување на опасностите. Сепак, останува фактот дека омикронот се размножува 70 пати побрзо од делтата, во горниот респираторен тракт, па веројатно тоа е причината за неговото брзо ширење кај населението. Поголемото вирусно оптоварување поблиску до грлото значи дека луѓето веројатно ќе издишат и повеќе вирусни честички.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *