После 80 години во прифатилиштето за слонови Пинавала во Шри Ланка, на 31 август се окотија слончиња – близнаци!
Како што пишува агенцијата Ројтерс, мајката е 25-годишната слоница Суранги, а татко 17-годишниот слон по име Панду.
Според податоците само еден отсто од слониците раѓаат близнаци и тоа дивите африкански слоници, така што, ова породување е вистински ексклузивитет.
Во текот на животот слониците носат на свет четири до пет младенчиња, а бременоста кај некои видови трае и по 22 месеци.