Со помош на магнетна резонанца, научниците утврдиле дека областа во предниот мозок – стриатум, десет отсто е поголема кај психопатите отколку кај контролната група што ја сочинувале индивидуалци без психопатски одлики.
Стриатумот има илога во координацијата на многу когнитивни елементи меѓу кои планирањето на моториката и акцијата, носење на одлуки, мотивацијата, свеста за наградувањето…
Не се сите психопати криминалци, а не се ни сите криминалци психопати, но постои врска. А врската постои и помеѓу психопатијата и агресивното однесување.
Истражувачите исто така оцениле дека поголемиот стриатум влијае врз зголемената желба за стимулација, што може да доведе до опасно и поимпулсивно однесување. Како и врз отежнатото општествено однесување и снаоѓање во ситуации кои вклучуваат повеќе луѓе.