Новиот претседател на Сад се всели во Белата куќа со своето семејство и со двете кучиња од кои Мјеџор, помладото куче е вдомено пред две години.
Неколку дена пред инаугурацијата на Бајден организирана е „индогурација“ за Мејџор со која се прослави бајковитиот пат на напуштеното куче од шелтерот до Белата куќа. А собраните средства за следење на овој виртуелен настан се донирани на прифатилиштето од каде што песот е вдомен.
Пред Мејџор, во официјалната резиденција на американскиот претседател живеел уште еден мешанец – Јуки, кого ќерката на Линдон Б. Џонсон го нашла на бензиска пумпа. Џонсон не се одвојувал од кучето – Јуки бил со него дури и на состаноците во Овалниот кабинет, во базен, на свадби…
Сопругата на Џо Бајден, Џил, најави дека би сакале да вдомат и мачка. Пред нив, во претседателската резиденција „контејнерец“ донесе Бил Клинтон: црно – белиот Сокс, мачорот на ќерката на Клинтонови, кој со нив проживеа 20 години! Сокс обожувал да седи на претседателското рамо на Клинтон.