Сутерен.мк

Лани се исплатени 720 000 евра поради каснување од куче

Според податоците од 10 поголеми градови во земјава, само лани биле исплатени околу 720 000 евра на име отштета поради каснување од куче.

Според податоците на МВР, пред 10 години, во 2013 година, на територијата на цела земја имало 53 пријави за каснување од куче. Следната, 2014 година, пораснале на 72 пријави, па на 133, па на 212, 257, 637, 990, 1 082, 1 323 за лани да стигнат до 1 785 пријави. Или, за 10 години, за 33 пати се зголемил бројот на пријави за каснувања од куче.
Секоја година, се чинат се почести поплаките за напади од улични кучиња.

Секоја година, се чинат се почести и нападите врз улични кучиња. Антагонизмот на прашањето за уличните кучиња стана и стратешко прашање.

Во 2022 година, очекувано, најмногу пари исплатил Град Скопје, околу 400 000 евра. Второ е Кичево, со исплатени околу 110 000 евра, а близу зад него е Велес со 96 000 евра. Заедно со уште седум града од кои добивме одговор, само лани биле исплатени околу 720 000 евра на име отштета поради каснување од куче. Во таа бројка не се вклучени Тетово, Гостивар, Струга и Охрид.

Доколку, пак, исплатените суми се поделат со бројот на жители, Кичево избива на прво место. Оваа општина лани потрошила по 171 денар по глава на жител за каснување од кучиња. Втор е Велес, кој потрошил 122 денари по жител, а Град Скопје е трет со многу пониски – 47 денари.

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *