Најдобрите 32 фудбалски репрезентации на светот ќе се соочат во Катар, а на официјална промоција во Доха, ФИФА ги промовираше официјалната маскота и официјалната химна за натпреварувањето.
Маскотата го носи името Ла’ееб (или Леиб), а станува збор за летечка кефија (шамија) што зборува, што е симбол за арапските земји и карактеристичниот стил на облекување во овој дел од светот.
Од друга страна, официјалната химна на Мундијалот во Катар го носи името „Хаја, Хаја“.