Фејсбук с(р)еќавања…
****
Вие, што им посакувате на матурантиве, добредојде во светот на возрасните – ги благословувате или, колнете!?
****
И, така, моето дете ќе раскажува: „ Мајка ми се роди во еден недефиниран систем, живееше во транзиција, а последниот дел од својот живот, го помина во – преиспитување.“
И, кога мајка ви ви вика: „Да ти даде Господ дете исто како тебе!“, знаете дека ве колне, нели!?
****
Зошто никој, никогаш не вели, кога ќе му се роди дете:„ Боже, со што заслужив да имам толку совршено дете!?“
А сите до еден, кога нешто е вон шините, велат:„ Боже, со што ја заслужив оваа казна!?“
****
До младиве, кои мислат дека го редефинираат светов:
– Ниту сте подобри, ниту полоши од мојата генерација. И ние бевме подеднакво неуки и се ни беше одбојно.
Разликата е што нас, никој не не слушаше.