Сутерен.мк

Мелинда прозборе за разводот со Бил Гејтс

Мелинда Гејтс изјави дека „имала кошмари“ по една средба со Џефри Епштајн. Во неодамнешното ТВ интервју за нејзината разделба со Бил Гејтс, таа рече дека еден од факторите кои придонел за нивниот развод биле врските на нејзиниот поранешен сопруг со Епштајн!

Мелинда Гејтс раскажа дека го сретнала Епштајн „само еднаш, затоа што сакав да видам кој е овој човек. И се покајав уште од моментот кога стапнав на вратата. Беше одвратен. Беше олицетворение на зло. После тоа имав кошмари. Срцето ми се кине за овие млади жени“, додаде таа.
Мелинда и Бил Гејтс објавија во мај 2021 година дека се разделуваат по 27 години брак. Кога нивниот развод излезе во јавноста, беше откриено дека Мелинда барала развод од 2019 година, откако на виделина излегле врските на Гејтс со осудениот сексуален престапник Епштајн.
Епштајн изврши самоубиство во затвор во август 2019 година, само неколку недели откако беше уапсен под обвинение за трговија со луѓе. Обвинителите во својата жалба против Епштајн тврдеа дека тој водел операција за сексуална трговија со луѓе од најмалку 2002 до 2005 година, насочена кон девојчиња на возраст од 14 години.
По смртта на Епштајн, инспекторите го насочија својот фокус кон долгогодишната девојка и соработничка на Епштајн, Гислајн Максвел, која беше прогласена за виновна за неколку обвиненија на судењето во декември.
Адвокатскиот тим на Максвел бара ново судење, но за сега закажано е само рочиште за сослушување на еден поротник заради негова пристрасност, што ќе се одржи следната недела.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *