Сутерен.мк

Викенд рецепт: Mariage d’amour

Понекогаш, кога времето надвор е сончево со студ кој грицка во воздухот, мечкината пештера станува дувло на инспирација и оживување на вкусните залаци, каков што е овој препорачан десерт! Храна за очите, душата и непцето во исто време! Симфонијата на вкусови и ароми ќе ве натера да заборавите на секојдневните маки, барем на десет минути, додека вие лакомо се борите со својот десерт. Сосема сигурно, еднаш пробано ова задоволство нема да биде заборавено и ќе се враќате на него, одново и одново!


На десертот му треба посебно внимание и може да се послужи со чаша разладена мимоза во недела наутро или со десертно вино попладне или навечер. Во блогот ќе најдете едноставен рецепт за мимоза (содржи една од омилените работи на Bungle – свежо исцеден сок од портокал). Количините варираат во зависност од бројот на гладни поединци што треба да се нахранат!

Потребни состојки за 6 гладни луѓе

– 1 пакување фисалис.
– 1 пакување свежи боровинки (околу 300 г).
– 1 литар свежо млеко.
– 6 жолчки.
– Шеќер по вкус (Мечката става 1 шолја чај).
– Ванила (две мали пакетчиња или 2 пакувања ванилин шеќер).
*Пазете се од поспецифични есенции од ванила, бидејќи тие почнуваат да горат, ако претерате. Во случајов, употребено е 1 парче ванилин шеќер – бурбон ванила.
– Пченкарен скроб 2 лажици.
– 2 пакувања амарети бисквити.
– Ликер Cointreau или малку коњак за посипување на бисквитите.

Чекор по чекор

– Од млекото, жолчките, ванилата и шеќерот по вкус и пченкарниот скроб направете домашен крем. Секој знае како да го подготви. Ако некој не знае, може да му пишете на Bungle, и тој ќе му помогне.
– Додека кремот се лади, изберете 6 убави чаши со висока столица (доволно големи за сладокусци и ненаситници).
– Потоа кремот намачкајте го на дното од чашите.
– Амаретите искршете ги на крупни парчиња врз кремот. Посипете ги со Cointreau или коњак.
– Потоа врз нив намачкајте ги изматените белки. При матење на белките додадете 5 израмнети лажици шеќер, прстофат сол и малку ванила.
– Великодушно ставете боровинки на белките и украсете го врвот со фисалис. Плодот на фисалис се јаде и совршено ги надополнува боровинките.
– Соединете ги состојките пред да послужите, бидејќи постои опасност белките да го изгубат волуменот кога ќе се стават во фрижидер.
– Задолжително испијте една чаша мимоза, но не претерувајте.

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *