Сутерен.мк

Можеби не сте знаеле за сексот?!

  • Постарите луѓе многу се сексаат. Толку многу, што во моментов се најголемите преносители на полово – заразните болести! Повеќе од шеесет отсто мажи и жени на 80-годишна возраст редовно имаат секс! (За „помладите“ не доаѓа во предвид ни да се дискутира каква е состојбата.)

  • Женскиот оргазам е „дизајниран“ за да предизвика забременување. Ритмичкото пулсирање на вагиналните ѕидови во текот на оргазмот е за што полесно да ја „внесе“ спермата кон матката и цервиксот. А вие мислевте дека тоа е се поради вашиот „мајсторлак“?!

  • Човечката уста содржи повеќе од 500 –тини бактерии. Замислете ги овие микро суштества како ви шетаат по јазикот и забите следниот пат кога ќе се бакнувате со некого или при орален секс…
  • Хетеро мажите се половина од посетителите на трансродовите порнографски интернет страници. Всушност, трансродовата порнографија е четврта по ред најпопуларна содржина за возрасни на светот!
  • Левите тестиси се по правило помали од десните.
  • Женките на пингвините практикуваат проституција: тие им даваат сексуални услуги на мажјаците во замена за погодни камќиња за нивните гнезда.

  • Две третини од мажите и жените фантазирале за секс со друга личност за време на љубовниот однос со партнерот.
  • Најголема веројатност дека жената ќе го изневери мажот е за време на нејзината овулација. Едноставно, јајце клетката „чека“да биде оплодена, па ако постојаниот партнер не е подготвен за мисијата, таа ќе пронајде некој кој е.

  • „Бразилската депилација“ т.е. целосното бричење е еден од најголемите ризици за пренесување на полно – заразни болести. Имено, ако не сте знаеле, влакната „таму долу“ служат токму за заштита од разни инфекции.
  • Нивото на тестостерон и просечниот број на сперматозоиди денес, го сочинуваат само една четвртина од износот што бил просек пред сто години. Што ќе рече, не само мажите веќе не се тоа што беа, туку тие се само една четвртина од Мажите!
  • Мажјаците на мушичките кои не можат да пронајдат партнерки се понаклонети кон пиење алкохол од оние единки кои се спариле. Изгледа дека човековата раса не е единствената која љубовните маки ги „дави“ во алкохол…
  • Секс – играчките се забранети во американските држави Алабама и Мисисипи!

  • Жените се возбудуваат при гледање на шимпанза за време на сексуалниот чин?! И после, зошто се омажиле за онакви црепови? Ете!
  • Четворица папи умреле за време на сексуален однос. Бројката не ни значи ништо туку, нели папите не треба да имаат секс?!
  • Возрасните личности (и мажи и жени) најмногу лажат кога се во кревет!
  • Колку еден маж има поголеми тестиси, толку е понаклонет кон прељуба. Значи, не слушајте што зборува, измерете му ги!

  • Најголем процент од жените кои практикуваат анален секс се високообразовани белкињи.
  • Фраерите со масни наслаги се сексуално поиздржливи од витките мажи.
  • Машките бициклисти ризикуваат импотенција. Притисокот на седиштето од велосипедот може трајно да им ја оштети сексуалната функционалност.

  • Стрејт мангупите исто пребаруваат слики на интернет за пениси, колку и за вагини. Непознато е дали тоа го прават за споредба или…
  • Секое десетто дете во Европа е зачнато на кревет од Икеа. Не мора да ја платите рекламава Иkеа, ама можете едно фала да кажете.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *