Сутерен.мк

Најбезбедниот човек на планетата!

Канаѓанецот Берт Тер Харт тргнал на неверојатна пловидба околу светот пред пандемијата од коронавирусот, а кога се вратил после 265 денови, го затекна светот сосема изменет.

Родум од Британска Колумбија, Берт стана осмиот човек на светот (и прв во Северна Америка) кој сам го обиколи светот ориентирајќи се само според ѕвездите – без Џи-Пи-Ес, ниту било каква помош од модерната електроника туку само со молив и хартија и старовремскиот секстант, инструмент со кој на бродот рачно се мери одалеченоста на небеските тела.

Овој 62 годишен океанограф вели дека честопати се плашел на својот 13 метри долг брод „Сибурбан“, но и дека не зажалил ни за момент што тргнал на ова патување.

„Океанот е апсолутно величествен. Ноќите се такви, што за нив вреди да се умре. Ѕвездите, птиците, зајдисонцата и изгрејсонцата, рибите кои како да излетуваат од водата, китовите – тоа е просто неверојатно! А вие сте единствениот таму. Се е тоа, само за вас“ – изјави тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *