Сутерен.мк

Што е љубов? (1)

Љубовта е смислата на животот. Љубовта е она што не поттикнува да работиме, создаваме, правиме деца, им помагаме на себе си и другите, учиме, се развиваме и биваме здрави и среќни.

Љубовта не е тесно поврзана со љубовта кон семејството, саканата личност (партнерот), пријателите или другите луѓе. Љубовта постои во се што не опкружува, постои љубов кон се што постои, љубов кон самиот себе си, кон создавањето и работата, кон Бога или универзумот и кон животот воопшто.

Кога ќе ја сфатиме љубовта тогаш ќе ни стане и јасно зошто е таа смислата на животот, постоењето, здравјето и среќата. Луѓето кои се полни со љубов се здрави, се развиваат, носат кобро и за себе и за својата околина, а оние кои страдаат од илузијата на љубовта се несреќни, имаат проблеми со здравјето, со самите себе си и другите.

Пред да кажеме што љубов не е односно, што е илузија за љубов, треба да се каже што љубовта е. Таа не е ни мисла ни чувство, ни состојба, ни однесување. Мислите, чувствата, однесувањата и состојбите се само израз, манифестација на љубовта. Љубовта е присутност, прифаќање, единство со себе, со другите и универзумот, тотална предаденост без зависност.

Љубовта е слободен чин на давање во кој уживаме и кој не ни претставува никаков напор, туку напротив, не исполнува. Вистинското исполнување може да дојде само од љубов.

На пример, луѓето не работат само заради пари! Тие се потребни за живот во општествениот систем што луѓето го смислиле и во тој контекст парите се битни, но тие не се сами по себе цел, туку средство. Многумина имаат толку многу пари што не би морале никогаш ништо да работат! Меѓутоа, повеќето го прават тоа, затоа што го сакаат тоа што го работат. Без разлика колку пари и да мислите дека ви требаат, никогаш не се занимавајте со она што не го сакате! Тоа значи само депресија, бесмисленост, ропство, зависност… Љубовта кон работата му дава смисла на постоењето.

Љубовта е нераскинливо поврзана со слободата. Љубовта е слобода, љубовта не може да се изрази без слобода. Секоја зависност ја блокира љубовта. Затоа што љубовта е постоење, движење, а не зачмаеност…

Д-р Владимир Мишиќ, психолог и психотерапевт

(продолжува)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *