Сутерен.мк

Интернет-саем на кинески книги

Од утре до 16 февруари, Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“, по повод Кинеска Нова година, ќе одржи Интернет-саем на кинески книги, изданија на „Македоника литера“. На овој петдневен е-саем „Македоника литера“ ќе понуди и ќе претстави педесетина репрезентативни кинески книги од областа на кинеската култура, културна историја, класична филозофија, историја и белетристика.

Меѓу другото, ги има објавено најпознатите филозофски класици, а ја објавува и серијата „Клучните концепти во кинеската мисла и култура“, од која досега се публикувани шест тома, а ќе ги објави деветте предвидени тома, по нивното публикување во Кина, кое треба за заврши оваа година.

 

„Македоника литера“ ја објавува и серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“. Во рамките на таа едиција досега се објавени 13 тома со избор од прозното творештво на најпознатите кинески писатели за деца и млади. Минатата година објави и седум книги од најпознатиот и најпродаваниот писател за деца во Кина Шен Шиси, познат и како „кралот на приказните за животни“.

Прилог – е-каталог: https://issuu.com/makedonikalitera/docs/esaemnakineskiknigi

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *