Јапонскиот суперкомпјутер „Фугаку“ е на врвот на уште една светска листа најбрзи суперкомпјутери. Овојпат го зазеде првото место на меѓународниот проект „Топ 500“!
Компјутерот може да изврши повеќе од 442 квадрилиони пресметки во секунда. Тоа е околу трипати поголема брзина од онаа на суперкомпјутерот „Самит“ во Националната лабораторија на САД во Оук Риџ, Тенеси, којшто е на второто место.
На третото место е уште еден американски суперкомпјутер – „Сиера“.
„Фугаку“ се користи за повеќе од 100 истражувања, вклучително и тоа за пандемијата, за развојот на вештачката интелигенција и временска прогноза.